Полицијата ги обезбедува пратениците на СДСМ,откако беше запален автомобил на пратеничка

Полиција од вчера попладне ги обезбедува домовите на пратениците на СДСМ кои гласаа за законот за двојазичност, од вчера се под силно полициско обезбедување, дознава „Република“.

Полицијата е стационирана во главно пред домовите на пратениците од внатрешноста, а полициските кордони се поставени пред домовите на пратениците поради страв дека незадоволни граѓани ќе протестираат пред нивните куќе. Како што дознаваме, голем дел од нив, воопшто се немаат вратено во нивните градови.

Од МВР не откриваат која е потребата да се распоредат полициски сили на овие локации и дали власта во овој момент се плаши од реакциите на граѓаните.

Инаку, синоќа било запалено возилото на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева

Според билтенот на МВР, непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на автомобилот „Сеат леон“ на Шуманска Митева, ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле.

„На 15.03.2018 година околу 01,30 часот во Виница на улица ’Славчо Стојменски‘, непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило ’Сеат леон‘ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот.

Translate »