Нов шампон и регенератор за коса од кои ќе им се пријаде на оние околу вас
Најновиот хит во светските продажни мрежи е шампон и регенератор за коса со мирис на кашкавал и сланина. Комплетот чини 9.99 долари. Прво ја миете косата со шампонот со мирис на кашкавал, а ја измивате со регенератор кој мисириса на сланина. Така цел ден ќе мирисате како сендвич, стои во рекламата на новите производи. Засега, побарувачката е голема, а муштериите се фалат дека кога ги користат средствата, на оние кои се во нивна близина буквално им течат лиги.