22-годишен велешанец им се заканувал на доктори и нападнал полицајци
Дваесет и двегодишен велешанец бил приведен вчера откако во ходникот на Хируршкото одделение во Велешката општа болница почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив.
Како што соопштуваат од МВР, на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници. Од полицијата информираат дека работат на расчистување на случајот.