Лекарите по грешка жива ја балсамирале:” Умре во агонија !”

27 годишната Екатерина Фјодоровна отишла на рутинска операција во клиничкиот центар во Улјановск,  но никогаш не се вратила дома. Во инфузијата која ја примила, по грешка и бил ставен формалин, средство кое е отровно и се користи за конзервирање на ткива и органи.  Од отровот кој и бил вбризган во вена, таа  добила треска, грчеви,  силни болки, и по неколку дена паднала во кома.

Отровниот формалдехид , во кој се конзервираат органите на мртовците

Нејзината мајка сведочи дека по операцијата ќерка ѝ  била во агонија, но никој од лекарите не дошол да ја види.

” Ги молев да преземат нешто. Клечев пред нив, им велев дека таа ми е единствено дете, но тие цело време бегаа од мене и  ништо не правеа. Ми викаа да одам дома ѝ да и направам пилешка супа за да ѝ биде подобро.   Ја оставија  така, со отровот во неа,  да умре во најголеми маки, сведочи мајката , која цело време била во болницата.

Мајката Галина со керката

Дури откако ќерката паднала во кома, лекарите и рекле на  мајката  дека е направена грешка и оти  младата жена се наоѓа во критична состојба.

“Ги најдов сокриени во едно ќоше како се договараат што да ми кажат. Ми рекоа дека е направена грешка и дека  на ќерка ми почнале да ѝ откажуваат органите “,  низ солзи раскажува мајката Галина.

Екатерина штотуку се омажи

Екатерина веднаш била префрлена во регионалната клиника, а потоа во Москва , каде  починала. Еден од лекарите и ја открил на мајката причината за смртта на ќерката.

“Ова е чисто убиство,а сега ме убедуваат дека се работи за небрижност”, вели мајката, која побарала истрага за случајот.

Младата жена е погребана на 7-ми април, а во тек се истражни дејствија за случајот.

Translate »