Сахарскиот песок кој ни ги извалка автомобилите и прозорците , удира и на гради

loading...

Црвено-жолтатата прашина која деновиве ни ги покри автомоболите  и ни ги извалка прозорците, ни ја донесоа ветровите и дождот од Северна Африка.

Песокот кој ни ги покри автомобилите е од Северна Африка

 

Сахарската прашина не ја покри само  Македонија, туку и целиот Балкан и Медитеран, а поцрвенеа дури и Алпите.

 

Поцрвене и снегот на Алпите

Метеоролозите велат дека се работи за појава која не е нова, но овојпат специфичните временски услови и ветерот донесоа невообичаено големи количини песок. Ласерските радари над Рим деновиве детектираа облак над Италија со 30 000 тони песок, во  обем од 3 километри. Честичките кои со себе ги носи овој сахарски бран е штетен за здравјето на луѓето, особено за оние со респираторни и срцеви  проблеми. Делува негативно врз кожата, која се суши , а усните пукаат. Парадоксално, за разлика од штетноста за човековото здравје, сахарската прашина делува позитивно врз растителниот свет и го прави побуен.

 

 

 

Translate »