Мојот татко беше атеист, дали е на небото? Расплакано момче го праша Папата

Секоја средба со папата Франциско е посебна, но оваа, која се случи неодамна за време на посетата на римската Корвиална област, e една од највозбудливите до денес, пренесува Слободна Далмација. Папата, како што кажуваше католичкиот хералд, одговори на прашањата на група деца зa верата и животот, кога едно од нив, по име Емануел, почна да плаче.

Гледајќи дека момчето беше видливо возбудено, папата инсистираше на тоа Емануел да му го шепне на уво неговото прашање. Откако момчето му се
довери, папата Франциско побара од него дозвола да го повтори она што му го кажа на уво.

“Ако можеме да плачеме само како Емануел кога имаме болка во нашите срца. Тој плаче за својот татко кој умрел и имаше храброст да го стори тоа пред нас, бидејќи во него има љубов. Неговиот татко бил атеист, но ги крстил четирите деца, бил добар човек. Убаво е што син на татко вели дека е “добар”. Ако тој човек може добро да ги подигне своите деца, тогаш тој бил добар човек. Бог е горд на твојот татко – рече папата Франциско

 

Translate »