Пјонгјанг соопшти дека ги запира тестовите на балистичките ракети со долг дострел, a планира да ги затвори и полигоните за тестирање на нуклеарните бомби. Одлуката ,на пленарната седница на Централниот комитет на владеачката Работничка партија , е донесена со цел да се задржи “националниот фокус” и да се подобри економската состојба во земјата.
Веднаш по објавувањето на оваа одлука, на твитер се огласи американскиот претседател Доналд Трамп:-Северна Кореја се согласи да ги запре нулеарните проби и да го затвори големиот полигон за тестирање. Ова се многу добри вести за Северна Кореја и целиот свет -ова е голем напредок! Со радост го очекувам Самитот, напиша Трамп на социјалната мрежа.
За неколку дена севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун треба да се состане со со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин во село на границата меѓу двете земји, а потоа се очекува и самитот меѓу Ким и Трамп.