Припадници на Исламска држава обезглавија тројца браќа

loading...

Припадници на Исламска држава обезглавија тројца браќа во источната авганистанска провинција Нанганхар, изјави авганистански функционер.

Атаулај Когијани, портпарол на гувернерот на Нанганхар, главното упориште на ИД во Авганистан, рече дека браќата се убиени во дистриктот Чапархар, во сабота навечер, пренесе Ројтерс.

Најстариот брат Нисар Тареливал (27) бил лекар во приватна клиника, додека средниот брат Најим (24) работел на вакцинација, а најмалдиот Абдул Вахаб (19) бил студент по медицина.

Когијани наведе дека нивниот татко, кој исто така бил лекар, лани бил убиен на исти начин од ИД, со отсекување на главата.

Инаку, Исламска држава е озлогласена по бруталност во оваа авганистанска провинција, бидејчи често отсекува глави на заробениците.

Во одвоен инцидент, ИД киднапира 11 фармери во дистриктот Родат во провинцијата Нанганхар, а подоцна пушти двајца.

ИД, за сега не презеде одговорност за двата инциденти.

Translate »