Секси службеничка ја отпуштиле од владата, но не поради ,,непримерни,, фотографии
Вистинска убавица, која работелка како владина службеничка во Владата на Руската Федерација, добила отказ откако нејзините провокативни фотографии на социјалните мрежи откриле нешто што руската бирократија не го простува.
Не сте во право ако мислите дека Елеонора Вербицкаја добила отказ поради непримерни фотографии. Поранешната службеничка во руската влада е избркана бидејќи покрај државната работа таа работела и приватно – пуштала музика во познати диско-клубови во Русија.
Според информации од руската служба, до кои дојдоа локалните медиуми, Елeонора била стационирана во Санкт Петерсбург и имала чин помлад офицер.
Според изјавата на нејзините шефови, мултиталентираната Русинка со уметничко име Ди-Џеј Елис Секстон, наскоро ја очекувало унапредување но кариерата. Но, патот до успехот го упропастија фотографиите на социјалните мрежи.
На шефовите не им сметала голотијата туку пуштањето музика во ноќни клубови. Па така на жената и беше врачен отказ.