East Gate Mall за едно поинакво шопинг задоволство!
Со доаѓањето на пролетта, на сонцето и боите кои таа ги носи, доаѓаат и нови очекувања! Си поставуваме цели, даваме ветувања за она што сакаме да го направиме во наредните месеци…. но и одвојуваме време за подновување.
Веќе нема потреба да одиме во некои од трговските центри надвор од земјава, бидејќи дома, во Скопје имаме нов, поголем и уште поубав шопинг центар, кој нуди најдобро искуство за сите купувачи и посетители.
Но, зошто купувањето во East Gate е толку посебно?
Огромен избор, врвни брендови, пространи коридори, врвен енетериер, купување со големи попусти, чувство како да сме во некој мега град во светот…. опуштена атомсфера, богата содржина и посебни катчиња за секоја возраст…најубавите кафулиња во Скопје се токму тука во East Gate. Се радувам на секој елемент од овој нов и модерен културен центар!
Од застапените брендови, 40 се сосема нови и за првпат се претставуваат во земјава. Меѓу нив се Зара хоум, Reserved, Mohito, Sinsay, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho и многу други. Широката и шаренолика понуда го позиционира East Gate како нова клучна точка во градот, во која секој може да најде нешто за себе и која нуди нова димензија на шопинг.
East Gate mall претставува импресивно архитектонско здание, кое не само што го заживеа, туку и го разубави источниот дел од Скопје. Уште во моментот кога ќе го здогледате однадвор ќе се почувствувате како да се наближувате до некоја важна, ултра-модерна зграда, а веќе во моментот кога ќе влезете внатре ќе се уверите дека целиот трговски центар е ориентиран кон обезбедување на најдоброто искуството за купувачите. Пространите ходници и коридори оставаат доволно простор за голем број посетители одеднаш, а целата внатрешност е оптимизирана на тој начин за лесно да најдете што и да барате. Комбинацијата од продавници, места за одмор и места за забава прават никогаш да не ви биде здодевно – впрочем, East Gate mall како да е создаден лично за ваше уживање!
Поради фокусот кон максимална функционалност, во East Gate mall е предвиден простор и за сите посетители кои доаѓаат со сопствено возило. Во склоп на посебниот паркинг кој има 4 влеза и капацитет да смести дури 2.000 возила, се наоѓаат и автоперална и автосервис, а наоѓањето на паркинг место е исклучително лесно ако ја користите мобилната апликација за Паметен паркинг на East Gate. Купувањето во East Gate mall е добредојдена новост за македонскиот купувач, кој досега немаше можност да искуси шопинг од највисок стандард. Во иднина, јавноста може да очекува оригинални концепти и уникатни содржини за буквално сите генерации и вкусови, што ќе ја прикаже идејата на трансформирање и поврзување на „Ист Гејт Мол“ како синоним за вистинска шопинг оаза на уживањето, којашто според очекувањата годишно ќе ја посетуваат околу 12 милиони луѓе од земјата и од странство.