Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Помеѓу 15 февруари и 21 март 2024 година уметници помлади од 35 години од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово имаа можност да се пријават на меѓународниот јавен повик за интермедијална уметност на НЛБ Групацијата, наречен На раскрсница. Свои уметнички дела доставија 83 уметници од сите пазари каде што работи НЛБ Групацијата, а меѓународното стручно жири избра дела на двајца уметници од регионот, кои ќе бидат изложени на отворањето на изложбата во новата галерија Банкариум во центарот на Љубљана, на почетокот на следната година.

На повикот се бараа уметнички дела што одговараат на концептот на уметничката колекција на ЈИЕ, која ги претставува различните култури, идентитети и сеќавања кои со текот на времето ја обликувале заедничка историја во регионот.Колекцијата има за цел да го подобри разбирањето и знаењето за различните културни и општествени средини, да промовира толеранција и различност, а во исто време да раѓа нови одржливи идеи и акции со различни изрази на современата уметност.

Автор на прво-избраното уметничко дело со наслов „Од присуство до сеќавање и назад“ е Аријана Кадиќ од Црна Гора. Станува збор за уметнички перформанс во кој уметникот користи наследен тепих како централен елемент, кој делува како портал што ја поврзува со нејзините предци, како мост помеѓу сегашноста и вечноста. Автори на второто уметничко дело, се Далеа Ковачец и Марко Дамиш од Словенија со нивната интерактивна инсталација насловена „Од раѓање до бајт: генеративен животен пејсаж“. Станува збор за инсталација која користи камери, екрани и огледала за да прикаже разновидна палета на лични, директни наративи на социјалните мрежи, прикажувајќи го широкиот спектар на човечкиот живот од раѓање до смрт.

Меѓународното стручно жири на конкурсот во состав: Тевж Логар – независен кустос, уредник и писател, претседател на Уметничкиот совет на НЛБ, Мира Гаќина – историчар на уметност и критичар, кустос, член на Уметничкиот совет на НЛБ, Ана Херман – проект менаџер за комуникации во НЛБ и Матко Миоч – директор на НЛБ Културно наследство го аргументираше изборот на делата:

„Решивме да ја поканиме уметницата Аријана Кадиќ да изложи во нашата галерија поради личната наративност на уметникотНејзината приказна е длабока и автентична, рефлектирајќи вистинско човечко искуство што може да зборува за пошироката публика и да создаде силна емотивна врскаОд друга страна, работата на Далеа Ковачец и Марко Дамиш е елоквентна и многу актуелна. Оваа способност овозможува директна интеракција помеѓу уметничкото дело и гледачот, создавајќи динамично искуство кое постојано се менува и се прилагодува според сегашните податоци и околности“.

Инаку, Групацијата НЛБ не е само водечка банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во Југоисточна Европа, туку и важен поддржувач и покровител на регионалната култура и уметност. НЛБ МУЗА, програмата за културно наследство на НЛБ се состои од уметнички и музејски збирки, како и музеи и галерии на НЛБ Групацијата. Колекцијата SEE Art, која е основана во јануари 2023 година, е дел од програмата на НЛБ МУЗА. Со нарачка, купување, презентирање и промовирање на современата уметност, НЛБ Групацијата станува нејзин главен поддржувач и партнер во Југоисточна Европа.Во оваа прилика, НЛБ Групацијата упатуваблагодарност до сите уметници кои учествуваа на повикот, како и на стручното жири за нивната посветена работа.

Translate »