Не штедете на електрични инсталации! Тоа е инвестиција во безбедност и квалитет живот на долг рок
Инсталирање на квалитетна електрична мрежа е еден од основните предуслови за да имаме безбедно и одржливо домување. Инсталации треба да ни служат долг временски период и тука не треба да правиме никакви компромиси.
Под електрични инсталации, мислиме на кабли (кои поминуваат покрај и низ сите ѕидови во секоја куќа или стан) кои обезбедуваат електрична енергија за апарати и уреди за домаќинство, ја движат машина за перење или машина за миење садови, обезбедуваат електрично осветлување, телефонија, алармни системи, систем за видео надзор, домофон, компјутерска мрежа, интернет и други видови телекомуникации.
Од квалитетно изведените електрични инсталации зависи и квалитетот на нашиот живот. Денес без интернет, струја не можеме да си го замислиме животот. Но, од нив зависи и нашата безбедност, сигурност во домот.
Токму затоа овие работи треба да се дадат да ги изведува компанија која има сериозно искуство во овој сегмент, и бројни успешно завршени инсталациони проекти. Нашата препорака е компанијата Електроон 2020, чиј тим на инженери брзо и квалитетно може да изведе различни електрични инсталации, во дом, зграда или деловен простор. Последниве години сосем успешно се изведуваат и фотоволтаични инсталации, со цел воспоставување еден цел одржлив систем на енергии.
Секогаш кога изведуваме инсталации предходно правиме план за електрична инсталација бидејќи тоа е и задолжителен дел од документацијата за одобрението за градба. Потоа се подготвуваат отворите, каналите, водилките, носачите, држачите и спојките. Следува поставување на кабли, прекинувачи и приклучници, разводни табли и електрични ормани, приклучување на јавната електрична мрежа, и поставување на електрични броила, вели Хајредин Имеровски сопственик на компанијата Електроон 2020.
Кога се е според планот, и не правиме никакви компромиси, овие инсталации траат до 50 години, дури и повеќе, изјавуваат од Електроон 2020. Потоа само се прават контролни мерења на одредени интервали. Правилното и редовно одржување на електричните инсталации осигурува да не дојде до непредвидени прекини на струја, прекини на системот или други проблеми, особено во врска со струјниот напон, од кој во голема мера зависи животниот век на апаратите за домаќинство. kontakt 071232117