Нов автопат и нови базни станици за непречена комуникација

Со пуштањето во употреба на новата делница Демир Капија – Смоквица во должина од 28,2 километри, од автопатот „Пријателство“, добивме и комплетен модерен автопат од Табановце до Гевгелија. Можност да се патува сигурно и безбедно и многу побрзо да се стигне до посакуваната дестинација. А задоволството при патувањето не би било комплетно доколку нема и непречена комуникација преку мобилните телефони.

Во моментов е обезбедена 100% покриеност на двата тунела и делницата меѓу нив во должина од 10км, како и последната делница од с.Миравци до с.Смоквица во должина од 8 км, додека за останатите 10 км од автопатот, се работи на поставување на нови базни станици, кои ќе бидат завршени во средина на месец мај, нé инфомираа од Македонски Телеком, чии екипи интензивно работеа на поставување на базни станици за мрежно покривање, со цел обезбедување на непречена комуникација на новоизградениот дел.

 

Translate »