10 причини зошто треба да пиеме пиво.
Пивото покрај тоа што е вкусно за консумирање, исто така го зајакнува и здравјето на повеќе начини. На пример содржи протеини и витамин Б повеќе од виното, a исто така е антиоксиданс како виното. Пивото изобилува антиоксиданти и минерали, кои играат важна улога во разни метаболички процеси. Затоа, ние ќе ви дадеме 10 добри причини да пиете пиво:
– Пивото содржи силикон, кое ја зголемува густината на коските и со тоа ги зајакнува вашите коски.
– Пивото е богато со неколку Б витамини (Б1, Б2, Б6 и Б12). Луѓето што пиеле пиво имале 30 отсто повисоки нивоа на витамин Б6 од нивните колеги кои не пиеле.
– Пивото е одлично за бубрезите. Истражувањата покажаа дека секое шише пиво кое го пиете го намалува ризикот од развој на бубрежни камења за 40%.
-Пивото ги намалува нивоата на ЛДЛ холестерол, или “лошиот” тип на холестерол.
– Пивото ефикасно ја третира несоницата, бидејќи содржи лактофлавин и никотинска киселина, кои овозможуваат убаво спиење.
– Пивото го спречува згрутчувањето на крвта, бидејќи содржи многу корисни состојки кои го спречуваат згрутчувањето на крвта.
– Пивото е богато со бројни витамини кои позитивно влијаат на пигментацијата, ја обновуваат кожата и ја прават мазна и здрава.
– Наодите на група експерти на Универзитетот во Монтреал укажуваат дека две чаши пиво секојдневно го намалуваат стресот или анксиозноста поврзани со работата.
– Експертите откриле дека луѓето кои пијат пиво имаат 40 до 60 проценти помал ризик од срцев удар во споредба со оние кои не пијат.
– Пивото ја зголемува вашата меморија, а оние кои пијат пиво имаат помал ризик да заболат од Алцхајмерова болест и деменција од оние кои не пијат пиво.
Затоа, имаме идеја – што не се напиеме чаша Скопско пиво токму сега?