Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра,
Ова денеска го изјави министерот за финанси Драган Тевдовски кој рече дека ќе има промени во буџетската рамка со предлог-закон за реформи во овој дел, нагласувајќи дека јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра.
Информираше дека е подготвена и предлог стратегија во која има серија мерки со кои се сака да се постават алатки за кредибилно управување со јавниот долг. Тоа, како што рече, е во насока на препораките на Светка банка и на Европската Комисија, како наши стратешки партнери.
Стратегијата има седум приоритети, а меѓу алатките е и формирањето фискален совет, кој е само еден од механизмите кои ќе прават еден вид анализа и контрола.
Министерот за финансии имаше средба со претставници на Светска банка во Владата и со нив, меѓу другото, кажа дека се разговарало за ефикасноста на трошењето на јавните финансии.
Инаку, Светска банка ќе издвои 350 милиони американски долари за поддршка на проекти за општинска инфраструктура, за патишта, за туризам и социјална заштита за маргинализираните заедници, изјави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски по состанокот што владините министри го оддржаа со претставници од Светска банка.