Видео од вонредната состојба на Хаваи, вжештената лава од вулканот проголта 31 куќа

Локалните медиуми од Хаваи објавија видео од вчерашното излевање на лавата од вулканот  која  уништи 31 куќа на островот.

Поради заканата од вулканот, жителите беа евакуирани, а голем дел од нив нема да можат подолг период да се вратат во своите домови. Тие со себе ги носат и своите миленичиња, а оние кои не успеале, добија дозвола денеска да ги земат како миленичињата, така и потребната медицинска терапија и документи.

Инаку, вулканот исфрла лава на височина од над 61 метар, а научниците предвидуваат дека вулкански ерупции и земјотреси може да има во следните неколку месеци.

Килауеа е еден од петте активни вулкани на островот, континуирано еруптирајќи од 1983 година

Translate »