Познат режисер и снимател загина од жирафа
Јужноафриканскиот режисер Карлос Карваљо настрадал во текот на снимањето на емисија во резерватот за диви животни кога го усмртила жирафа.
Продуцентската куќа Калакру соопшти дека режисерот Карваљо снимал филм на фармата Глен Африк, северозападно од Јоханесбург кгоа се случила „фаталната средба со жирафата“.
Јужноафриканските медиуму пренесуваат дека Карваљо бил покрај жирафата кога таа замавнала со вратот и го соборила на земја од поголема височина.
Тој е префрлен во болница во Јоханесбург каде истата ноќ починал од здобиените повреди.