Со јогурт до подобар здив
Изберете јогурт наместо гума за џвакање
Имате важен состанок, а чувствувате дека имате непријатен здив во устата?! Шармот дефинитивно не може да го покрие лошиот здив, кој ќе го одврати вашиот сосговорник, колку и да сте импресивни. Мастиките дефинитивно не се трајно решение оти можат да ја ублажат миризбата привремено. Лошиот здив најчесто се појавува од неправилна исхрана, или пак заради некакви здравствени проблеми.
Дали знаете дека јогуртот би можел да биде ефикасен лек за лошиот здив! Исто така конзумирањето на препознатливиот млечен напиток ја подобрува оралната хигиена и влијае на намалувањето на бактериите што се “леваат на јазикот. Ваквото тврдење доѓа од Јапонија од реномираниот Универзитет во Јокохама, каде е релизирана Хојо студијата за влијанието на древниот млечен производ врз здравјето на луѓето.
Со истражувањето е утврдено дека, испитаниците кои конзумирале најмалку 90 грама јогурт, два пати дневно во период од шест недели, имале далеку пониска концентрација на хидроген-сулфиди и други слободни сулфидни компонененти кои, инаку, се детерминирани како главни причинители за лошиот здив. Анализите покажаа дека јавувањето на кариес е многу помало кај луѓе кои пијат јогурт регуларно, а научно потврдено е и огромното благотворно дејство на јогуртот во превенцијата на цревните заболувања и други гастроинтестинални состојби. Особено ако е произведен од квалитетно македонско млеко од избрани фарми, од еколошки чист регион, по современа технологија, каков што е новиот јогурт Бенефит на Млекара Здравје. Компанија која вложува огромен напор со цел да создаде безбеден и здрав производ во кој ќе уживаат милиони потрошувачи.
А ако јогуртот го комбинирате и со сирење дефинитивно ќе имате поздрави заби, бидејќи сирењето го зголемува нивото на пх вредност на површината на забите, овозможувајќи одлична превентива од кариес.