Хорор во Битола- Се обидел да ја силува 15 годишната внука, ја повикал да и купи тренерки

Во СВР Битола, синоќа во 21 часот, 15-годишно девојче од Битола во присуство на нејзината мајка пријавила дека Ѓ.Б. (46) од Битола (нивен подалечен роднина) се обидел да изврши други полови дејствија врз неа.

 

Околу 14.30 часот тој дошол во нивниот дом и ја повикал да појде со него да и купи тренерки. Тргнале со такси возило кон Прилеп, но по кратко време излегле од возилото и продолжиле пеш. Кога застанале да одморат тој почнал да ја соблекува и да ја допира по телото, но таа го оттурнала и побегнала до главниот пат. Возило кое поминувало ја однело во нејзиниот дом, по што го пријавила настанот.

Во 22.00 часот Ѓ.Б. бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Translate »