Џафери за однесувањето на Груевски во собранието: Тоа е резултат на психолошка криза

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се наоѓа во посета на Република Србија, каде тој даде неколку интервјуа за тамошните медиуми.

Во интервју за српската телевизија N1, на прашање на новинарката дали е во добри односи со Никола Груевски, во чија влада тој беше министер за одбрана, Џафери вели дека тој нема проблем со никој лично.

„Како тогаш го коментирате тоа што и физички Ве нападна во текот на расправата за Законот за јазиците“, го праша новинарката. – Тоа е резултат на психолошката криза во смисла на тоа во каква состојба се наоѓа моментално ако се земе предвид сите кривични дела и постапкти што се водат против него, како и тоа што на вонреден конгрес го отстапи местото претседател на партијата.

Сметам дека тоа е одраз на лична криза, не можел да се контролира во дадениот момент. Јас реков, дека на таа седница очекував се, но никако не очекував дека Никола Груевски ќе биде тој што така ќе реагира – вели Џафери.

Translate »