Ќе се сели ли споменикот на цар Самоил во Охрид?

Општина Охрид сака дел од спомениците од контроверзниот проект „Скопје 2014“ да се префрлат во Охрид. Градоначалникот Јован Стојановски вели дека за почеток бараат да биде дислоциран споменикот на Цар Самоил, за кој вели дека местото му е во Охрид. Но, ќе почекаат да заврши целата ревизија на проектот која ја води комисија во рамките на Министерството за култура, пишува „Алсат М“.

Неодамна и од здружението Богојавление од Охрид испратиле барање до локалната самоуправа да се заложи споемникот на Христо Узунов кој исто така е дел од проектот „Скопје 2014“ да биде донесен во Охрид.

„Веруваме дека сега се создадени услови, да се обратите до градоначалникот на Град Скопје, а исто и до владата на Македонија, како тие би го разгледале ова барање“, стои во барањето испратено до градоначалникот.

Translate »