Во Кина драматично фалат жени-Невеста чини цело богатство

Невестите во Кина достигнуваат астрономски цени,  а општеството и економијата не можат да се справат с0 новата ситуација, пишува The Economist. Во Кина, откако ќе се склучи бракот ,  невестата се преселува во куќата на сопругот, каде што мора да се грижи за свекрвата и свекорот.Кинеското општество повеќе ги цени синовите отколку ќерките.  Но, за разлика од  другите патријархални општества каде се дава мираз,  во Кина се плаќа за невестата . Родителите на младоженецот треба да платат за свадбата,  да дадат пари и имот на младата брачна двојката, а при тоа и цената на невестата со години постојано расте

Во Кина недостасуваат 60 милиони жени

Педесетгодишниот Рен од селото Пи ,во предградието на Пекинг, раскажува дека  неговите родители за жена му платиле  800 јуани. Тој пак за жената на својот син , пред 12 години,  дал десет пати повеќе,  а за невестата  на најмладиот син , кој сега го оженил , платил дури 100.000 јуани (околу 12.  800 евра).

Поранешната кинеска политика на едно дете го наруши природниот сооднос мегу новородените женски и машки деца. Многу мајки абортирале  женски фетуси за да добијат син , така што во 2010 година на секои 100 девојчиња во Кина се родени 119 момчиња. Демографите проценуваат дека на Кина и недостасуваат повеќе од 60 милиони жени.

Translate »