Заев: Одлуката за името ќе оди на референдум
Сè што ќе предложиме ќе биде предмет на референдум. И ние и ДУИ, но и ВМРО-ДПМНЕ и другите партии имаат исти или приближни позиции, рече премиерот Зоран Заев.
„Гледате дека процесот е транспарентен, сакаме национален консензус за донесување на одлука и на крајот тоа ќе биде потврдено од граѓаните на референдум. Убеден сум дека ако сме внимателни, што важи и за грчката страна, ќе најдеме решение на ова прашање кое ни мачи 25 години“, рече Заев.
Заев потврди дека состанокот со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, веќе е договорен на 24 јануари во Давос.