Македонски Телеком со нов и уникатен проект ги оживува „Звуците на Скопје”
За овогодишното издание на Скопје Џез фестивал, нивниот долгогодишен партнер – Македонски Телеком, за вљубениците во џезот подготви уникатен подарок и изненадувања кои на едно место ќе ги спојат музиката, технологијата и долгата љубовна приказна на Скопје и џезот.
Од 18-21 октомври, посетителите на Скопје Џез фестивал ќе имаат прилика на нов, иновативен и интересен начин да ја доживеат оваа приказна преку композицијата која музичарот Ристо Солунчев ја создаде од самите звуци на градот, а за чие слушање и доживување Македонски Телеком се погрижи да овозможи несекојдневно интерактивно искуство. Во режија на Иван Блажев снимен е и видео запис, идеја на Македонски Телеком, инспирирана од Скопскиот Џез фестивал. Видеото можете да го погледнете на следниов линк.
Оваа љубовна приказна уште не е завршена. Скопје го сака џезот. А и џезот го сака Скопје. Затоа што се исти. Зашто ниедна друга музика не побудува толку спротивставени чувства, толку љубов и толку револт собрани на едно место. Како откачена џез нумера, звуците на Скопје се прекршуваат, изненадуваат, се засилуваат и исчезнуваат, вечно испреплетувајќи се во чудно-хармонична композиција која не си сигурен дали ти се допаѓа, но не можеш да престанеш да ја слушаш.
Скопје живее кога старите тивки џезери измешани и збунети со новите гласни, убави и самоуверени генерации, доаѓаат да слушаат џез. Никој веќе не припаѓа тука потполно, а сепак, сите припаѓаме подеднакво. Како џезот, како градот наш, како ние самите што вечно трагаме по себе и одново и одново се реинкарнираме во нови форми на постоење, на емоција, на звук. Аудио записи од „Звуците на Скопје” може да се симнат на следниов линк-