Што прават глумците од популарната серија “Беверли Хилс”?

Иако од емитувањето на последната епизода на серијата „Беверли Хилс“ минале 17. години протагонистите на таа мега популарна серија не сме ги заборавиле.Глумците кои ги отелотворуваат нашите најдраги ликови се промениле, нормално…

Џејсон Пристли (Брендон Волш)

Глумецот кој станал тинејџерски идол после првата сезона во серијата во кој го отелотворувал Брендон Волш, бил заводник кому ниту еден женски лик во серијата не му одолеал.

Пристли продолжил да се бави со глума после серијата, но се посветил и на режијата, главно на малите екрани. Остварил забележани улоги во сериите „Call Me Fitz“, „Haven“ и „Side Order of Life“. Возел автомобилски трки се’ додека во 2002. година не доживел несреќа. Во своите мемоари до детал ги опишал снимањата на серијата која го прославила.

Шенон Доерти (Бренда Волш)

Глумицата ја напуштила серијата после четвртата сезона за да во Лондон се запише на Академија на драмски уметности. Долго се шушкало дека Шенон често се карала со колегите од сетот, но Лук Пери неодамна рекол дека тие гласини не се вистински и дека Доерти била одлична во својата работа.

После Беверли Хилс глумицата била ѕвезда во „Волшебнички“ но и тука ја напуштила серијата „поради недоразбирања со колегите“. Доерти се омажила за третиот сопруг, Курт Исвариенко во 2011. година. Пред две години глумицата открила дека и е дијагностициран рак на градата, а борбата со болеста ја водела јавно.Редовно објавувала вести и фотографии, а во почетокот на април минатата година со сите ги поделила и среќните вести:„Ракот е во емисија“, напишала глумицата.
Неодамна Шенон Доерти повторно се пожали дека ракот се проширил и повторно отишла на лекување…

Џени Гарт (Кели Тејлор)

Глумицата која ја отелотворила занесната русокоса Кели во која скоро сите машки ликови биле вљубени, и после Беврли Хилс имала главни улоги во сериите, но не минале сите добро. Глумела и во римејкот на серијата која ја прославила, „90210“ во „’What I Like About You“ и во „Mystery Girls“ во која глумела покрај Тори Спелинг.

На крај серијата била откажана после една сезона поради катастрофална гледаност. Герт подоцна се натпреварувала во петтата сезона на шоуто „Танц со ѕвездите“ каде стасала до полуфинале.Од сопругот Питер Фачинели се развела во 2013. година после 12. години брак. Со него има три ќерки. Во април 2015. година се свршила за колегата Дејвид Абрамс кого го запознала на „состанок на слепо“.

Иан Зеринг (Стиви Сандерс)

Русокосиот убавец Стивен Сандерс кого го глумел Иан бил размазен и богат тинејџер кој во текот на серијата ќе се труди да стане поодговорен за да повторно го освои срцето на својата бивша девојка Кели.

Зеринг пред неколку години ги освоил гледачите на шоуто „Танц со ѕвездите“, а се натпреварувал и во реалното шоу „Приправник“. Во меѓувреме се посветил и на филмска режија и продукција за што освоил неколку награди. Останал и запамтен со улогата во оригиналот и продолжувањето на „Sharknado“. Пред седум години се венчал со Ерин Кристен Лудвиг со која има две деца. Тоа му е втор брак.

Габриела Картерис (Андреа Зукерман)

Глумицата со 29. години ја глумела 16. годишната Андреа. Серијата ја напуштила во 1995. година бидејќи сакала да води сопствено ток-шоу, „Габриела“, но проектот не заживеал. Иако била член на постојаната постава од првата до петтата сезона Андреа се појавувала и во 6., 8. и 10. сезона.

После тоа остварила неколку помали улоги во други серии и ТВ филмови. Пред петгодини станала извршен директор на филмската организација SAG-AFTR. Со брокерот Чарлс Исак има две деца, а во брак се од 1992. година.

Лук Пери (Дилан МекКеј)

Пери го глумел Дилан МекКеј, мистериозен патник и осаменик кој со своето непредвидливо однесување ја заработил титулата „лош дечко“. Откако го напуштил Беверли Хилс, Пери продолжил да глуми во серии и филмови, а се посветил и на театарски улоги па заиграл на штиците на Бродвеј и лондонскиот Вест Енд.

Лук глумел во сериите како „What I Like About You“, „Community“, „Oz“, „Will&Grace“, „Law&Order: SVU“, „Criminals Mind“ и дал гласови на ликови во „Simpsonima“ и „Family Guyu“.
Десет години бил во брак со Мини Шарп со која има и две деца.

Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер)

Глумецот бил уште една причина поради што девојките од деведесеттите години биле залепени покрај малите екрани. Тој го отелотворил Дејвид Силвер, најмладиот член на славното друштво, кој бил „напален“ на девојки и музика. Подоцна се борел и со зависност од дроги. После популарната серија, Грин продолжил да глуми на телевизија, појавувајќи се во десетина познати серии како „Зона на самрак“, „Смолвил“ и „Очајни домаќинки“.

Во еден период се обидувал да оствари раперска кариера, но тоа не му успеало.
На Грин многумина му завидуваат бидејќи го освоил срцето на Меган Фокс со која се венчал во 2010. година и со која има три сина.

Тори Спелинг (Дона Мартин)

Ќерката на продуцентот на серијата ја глумела Дона Мартин, сите десет сезони, на оригиналната серија, како и во римејкот од 2008. година. Во серијата „Notorious“ глумела пародија на самата себе а потоа се „фрлила“ во реалните шоу програми и со сопругот пред тв камерите одлучила да го спаси бракот.

Во шоуто Тори дознава дека сопругот Дин МекДермот ја измамува. Двојката има пет деца. Тори е авторка и на неколку книги.

Тифани Тисен (Валери Малон)

Глумицата својот статус на тинејџерски идол го стекнала во серијата „Училишно ѕвоно“ а во Беверли Хилс глумела од петтата до десеттата сезона, а се појавувала и во десеттата.

Тифани подоцна нижела улоги во телевизиските серии но нејзината актерска кариера застанала кон крајот на деведесеттите. Тисен се омажила во 2005. година за Бреди Смит со кого ја има ќерката Харпен Рен (5). Моментално има своја кулинарска емисија „Dinner at Tiffani’s“.

Translate »