Не може лесно да се заразите – причини поради кои не треба да се плашите од коронавирусот

Коронавирусот кој што досега зарази над 100.000 луѓе и однесе околу 3.500 животи е голем предизвик во здравствена смисла, но не само таму туку и во политичка и економска смисла.

Вирусот се шири поради фактот дека технологијата и индустријата се развиваат, па денес патувањата од континент на континент се полесни и побрзи од претходно.

Меѓутоа, токму поради технологијата светот никогаш претходно немал подобра алатка за да се бори против глобалната епидемија.

Еве причини и објаснувања зошто не треба да паничите поради коронавирусот.

Знам што е

Инјасио Лопес Гоњи, шпански професор по микробиологија и вирологија, напишал известување за “The Conversation” во кое вели дека вирусот кој предизвикува сериозно воспалување на белите дробови, во Вухан бил идентификуван за седум дена откако официјално била објавена епидемија на 31-ви декември во тој град.

Во споредба, вирусот ХИВ бил идентификуван две години откако се појавил во 1981-та година. Знаеме и дека вирусот е природен, дека е поврзан со слични коронавируси кои можат да се најдат во лилјаците и дека може да мутира, но дека тоа не се прави често, пишуваат од „Guardian“.

Може да правиме тестирање

До 13-ти јануари, три дена по објавувањето на секвенцата геном, достапен е доверлив тест кој научниците на одделението на вирологија го развиле со помош на експерти од Ротердам, Лондон и Хонг Конг.

Знаеме како да му се спротивставиме

Очигледно дека кинеските драконски мерки за заштита и карантин се покажале како ефикасни. Во петокот во Кина забележани биле 99 нови случаи, најниска бројка за шест седмици. Во неколку кинески провинции немало нови случаи ниту по една седмица, а некои сега почнуваат да ги отвораат училиштата повторно.

Не може лесно лесно да се заразиме и може да го “убиеме“

Честото и внимателно миење на рацете, како што знаеме сега е најефикасен начин да се заштитиме од пренесување на вирусот додека пак растворите етанол, хидроген пероксид или избелувач ќе ја дезинфицираат површината.

Висок степен на ризик од зараза имаат оние кои што имаат директен физички контакт со некој кој што веќе е заразен, некој кој што кашла, ќива (или пак доколку дојде до контакт со искористена марамица) или пак да бидат на помала оддалеченост од два метра повеќе од 15 минути од оние кои што се заразени. Значи не може да се заразите доколку случајно поминете на улица покрај некој што е заразен.

Во поголемиот дел од случаите симптомите се благи и младите луѓе имаат ризик од зараза

Според истражувањата на 45.000 потврдени инфекции во Кина, 81 отсто од случаите предизвикале поблага болест, 14 отсто од пациентите имале симптоми кои што ги опишале како “тешки“, а само 5 отсто од случаите се сметани за критични при што половина од нив починале.

Постои прототип вакцина

Комерцијалните фармацевтски и биотехничкаи лаборатории, како што се “Moderne”, “Inovio”, “Sanofi”, како и академските групи како оние на Универзитетот во Квинсленд во Австралија – од кои многумина веќе правеле вакцини за слични вируси поврзани со САРС – имаат прототипни вакцини во развој од кои некои веќе ќе бидат подготвени за тестирање на луѓето. 

КАКО СЕ ШИРИ КОВИД-19 И КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД НЕГО?

КОВИД-19 е заразна болест, предизвикана од нов коронавирус, кој за првпат се појавува меѓу луѓето.

Се шири од човек на човек главно преку „капките“ (аеросоли) создадени кога заразено лице зборува, кашла или кива.

Овие капки може да завршат во устата или ноздрите на луѓето кои се во близина, но се претешки за да патуваат далеку во воздухот. Тие патуваат околу еден метар и брзо се спуштаат на површините. Поради тоа, преносот од човек на човек се случува главно преку блиски контакти.

Сè уште не е точно познато колку долго време вирусот може да преживее на површините.

Бидејќи со рацете допирате бојни површини кои може да бидат заразени со вирусот, треба да го избегнувате допирањето на очите, носот или устата.

Кога кашлате или кивате, покријте си ги устата и носот со свиткан лакт или користете хартиени марамчиња за една употреба.

Коронавирус

Ако марамчето е искористено, веднаш исфрлете го во затворена корпа за отпадоци.

Најефективниот начин за спречување на ширењето на новиот коронавирус е честото и темелно чистење на рацете со средства за дезинфекција на база на алкохол или правилно миење со сапун и вода.

Коронавирус
Коронавирус
Коронавирус
Коронавирус

Одржувајте дистанца.

Одржувајте растојание од најмалку еден метар од секој којшто кива или кашла.

Ако имате покачена температура, потешкотии во дишењето и кашлате, неодложно побарајте медицинска помош.

Доколку се сомневате дека имате коронавирус, останете дома и јавете се на некој од телефоните поделени по региони:

Коронавирус

Tocka.com.mk

Translate »