Како да го избегнете вирусот во јавен превоз?
Еден од најголемите извори на зараза секогаш е градскиот превоз, особено во поголемите градови каде што многу луѓе се собираат во мал простор.
Бидејќи коронавирусот најчесто се шири преку бактериите кои што заразените ги исфрлаат преку кашлање, ќивање или пак преку зборување, јасно е дека во градскиот превоз треба да има целосна хигиена и дека на истиот треба да се посвети големо внимание – да се преземат сите можни мерки за заштита.
Колкава е шансата да се заразите од вирусот во автобус?
Професор по епидемиологија на Универзитетот Колумбија, д-р Стивен Морс, вели дека два фактори се одлучувачки во тоа дали може да се заразите во јавен превоз:
– Колку автобусот е полн со патници и
– Колку долго трае возењето
Мерките за претпазливост велат дека мора да стоите на два метри оддалеченост од луѓето, што во гужва не е возможно па доколку стравувате од вирусот тогаш можеби е најдобро да не се возите во ударните термини, кога гужвата е најголема.
Како да го избегнете вирусот во јавен превоз?
За да се заштитите од можниот вирус кој може да го добиете, штом излезете од автобус веднаш треба да ги дезинфицирате вашите раце, а штом имате можност веднаш треба да ги измиете со сапун, а постапката на миење раце треба да трае околу 20 секунди. Секако, како и секогаш со рацете не треба да го допирате вашето лице.
Првите испитувања на коронавирусот велат дека истиот може да преживее на ладни површини, како што се шипката за кои што се држиме во јавните превози па затоа гледајте да носите ракавици кои што по возењето ќе ги фрлите.