Земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Грција, покажува извештај на интернет страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во 08:39 часот на длабочина од 2 километри, на 30 километри од селото Мето и на 249 километри од главниот град Атина. Нема информации за жртви или материјална штета.