Видео:Дилери на дрога осудени на смрт пред стотици деца на детско игралиште во Кина

Двајца кинески дилери на дрога беа осудени на смрт пред стотици деца на детско игралиште, пренесоа кинеските медиуми.

Дилерите биле осудени на смрт на детско игралиште пред повеќе од 300 деца во кинеската провинција Хаинан, во градот Хаикоу. По читањето на пресудата, тие биле одведени надвор од игралиштето и веднаш погубени.

Кинеската влада ја организирала егзекуцијата на националниот Ден за борба против злоупотребата на дрога. Триесет и деветгодишниот Каи Ликун бил осуден за продажба на метамфетамин во ноќен клуб, а 36-годишниот Хуанг Женг, исто така, поради продажба на истата психотропна супстанција.

Властите објаснија дека јавното изрекување на пресуди се организира со цел да се поттикнат учениците да размислат за тоа што ќе им се случи доколку се вклучат во трговијата со дрога.

Translate »