Како изгледа новата куќа на Лебром Џејмс вредна 37 милиони евра

Лос Анџелес Лејкерс поведе во големото НБА финале против Мајами хит откако утринава славеше со 116:98 во првиот натпревар.

Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс одлучи да се почести со нова куќа, која во целост го оправдува неговиот прекар „Крал“.

Куќата се наоѓа во елитната населба на Лос Анџелес, Беверли Хилс и нејзината цена изнесува 36.75 милиони долари.

Весникот Лос Анџелес Тајмс објави дека Џејмс е новиот сопственик на куќата која претходно беше во сопственост на легендарната водителка и режисерка на ТВ серии, Ли Филип Бел, која во февруари годинава почина на 91-годишна возразст.

Куќата има 9.100 квадратни метри, а на имотот има уште две дополнителни куќи кои се наменети за гости. Во куќата има кино, базен, тениски терен, патека за возење на мотори, фонтани и еден од најубавите погледи во Лос Анџелес, поглед со кој се гледа целиот град.

Translate »