Ноќеска почувствуван земјотрес во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, изутринава во 2.10 часот регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од струмичкото епицентрално подрачје.
Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3,0, а беше почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет 4 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.