Еден почина, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа
Жител на тетовското село Седларево починал, а двајца сопатници се тешко повредени откако ноќеска 10 минути по полноќ возилото со кое се превезувале, се излизгало од патот и удрило во дрво по што се превртело.

МВР денеска соопшти дека несреќата се случила на локалниот пат село Групчин – Село Седларево на влез во селото Седларево.
Извршен е увид на местото на настанот.
