Коsијас: Направивме чекори и тоа ќе помогне за пријателството меѓу двата народи

Важно е  да најдеме решение кое нема да понижи никого и ќе ги отвори вратите на иднината, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Димитров рече дека имале добри разговори во кои доминирало прашањето за разликите околу името и за градење на идните односи.

Заеднички интерес е да се најде решение за овој долгогодишен проблем. Прашањето трае долго, се обидуваме да градиме доверба и да ги отстраниме предрасудите кои се уште постојат. И од другата страна има желба за разговор и за изнаоѓање решение, кажа Димитров.

Најави дека следната недела  ќе има нова средба со Коѕијас во Виена на која ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.

Денеска направивме чекори да ги решиме проблемите, кои не ги создадовме ние, туку ги затекнавме. Должни сме да ги решиме и тоа ќе помогне за пријателството меѓу двата народа, за стабилноста и безбедноста и за развојот на двете држави и целиот регион, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на прес конференцијата во МНР,

Тој потенцира дека верува во чесни преговори од кои во иднина и двете страни ќе добијат и двете страни ќе имаат придобивки, без победници или губтиници, Грција посакува компромис, додаде Коѕијас.

 

Translate »