Ќерката на сериските убијци: Ја убија мојата сестра, а потоа дознав дека убиле уште 11 луѓе
Ме Вест, ќерка на озлогласените сериски убијци Фред и Роуз Вест, имала трауматично детство во семејната куќа на Кромеловата улица во Глостер, која што е позната како „куќата на ужасот“.
Сите жртви биле млади жени кои што од страна на Фред и Роуз биле силувани, измачувани и касапени, за потоа нивните тела, на делови да бидат закопувани во подрумот или градината од куќата.
Ме Вест, меѓу другото, го опишува моментот кога сфатила дека нејзината постара сестра Хедер, била една од 12-те девојки кои што биле убиени од нејзините родители. Полицијата во дворот од куќата пронашла бутна коска, по што Ме сфатила дека најверојатно тоа се делови од телото на нејзината сестра.
„Во длабочината на мојата душа, веднаш знаев дека тоа е Хедер. Сето тоа изгледаше нереално, не можев ниту да заплачам“, раскажуваа таа.
Ме раскажува дека нејзините родители најчесто ѝ давале да ја носи облеката на жртвите.
„Еден ден, тогаш имав околу осум години, пронајдовме плакар полн со женска облека и обувки. Хедер и јас ги облекувавме, а на мајка ми не ѝ пречеше тоа. Дури подоцна, сфатив дека тоа е облеката на убиените девојки“, открива Ме која што додава дека нејзината мајка станала поагресивна после раѓањето на 4-то дете во 1977-ма година кога таа била во раните тинејџерски години.
„Очигледно кажав нешто погрешно, па го зграпчи ножот и ми рече „Зарем мислиш дека нема да те повредам?“. Потоа ми ја исече маичката и кожата, а јас треперев од страв. Се плашев дека ќе ме убие и се сокрив во подрумот“, раскажува Ме.
Едно од нејзините настрашни искуства е кога видела како мајката го дави помладиот брат Стив кој што за малку не бил убиен: „Беше мал, имаше шест или седум години“.
Кога Фред ја задавил Хедер, родителите на Ме ѝ рекле дека таа се вработила во камп на летувалиште и дури лажирале и телефонски разговори.
„Поминаа неколку месеци, а на крајот реков дека ќе пријавам во полиција нејзино исчезнување. Тогаш Фред рече дека подобро е да не го правам тоа, затоа што ќе имам сериозни проблеми. Ми рече дека не треба полицијата да ја мешам во тоа“, раскажува таа.
Фред Вест извршил 12 убиства во периодот од 1980-та до 1994-та година, а признал 11 од нив. Тој се обесил во затвор во 1995-та година. Роуз Вест пак тврди дека била невина и дека сето тоа го сторил нејзиниот сопруг. Таа сепак била осудена на доживотен затвор затоа што била прогласена за виновна за девет убиства.