Поранешниот министер за надворешни работи на Британија ,,полуде,, по младата лекарка
Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, наводно е заљубен во 30-годишната докторка Кери Еплс Сајмондс.
Првите приказни за тоа започнале уште во март на прославата на нејзиниот 30. роденден, каде Џонс, пишува британски “Daily Mail”, танцувал до изнемоштеност, веројатно за да ја восхити 24 години помладата блондинка. Таа тогаш била шефица на протоколот на британската Конзервативна партија.
Меѓутоа, тоа не било прв пат Џонсон и Еплс да се дружат. Заедно биле и на романтична вечера еден месец претходно, за Денот на вљубените.
Еплс е наводно и причината поради која Џонсон по 25 години се развел од својата сопруга Марина, со која ја има 25-годишната ќерка Лара. Се зборува дека Марина повеќе не можела да ги поднесе неговите вонбрачни афери, и дека повеќе младата Еплс била капката која ја прелеала чашата.
“Кери е морална, таа би му кажала да ја направи вистинската работа или воопшто нема да се меша. Таа би сакала се да биде официјално, не би сакала тој да ја изневерува сопругата или да ги лаже децата. Таа е многу морална”, рекол изворот на “Daily Mail” и попатно ја опишал Еплс како “многу многу интелигентна, амбициозна и многу секси”.