Кој алкохолен пијалак си во хороскопот!?
ОВЕН
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте РАКИЈА. Едноставни, но никогаш прости! Удирате право во глава, а богами и во нозете. Тие што си имаат работа со вас, не смеат да претеруваат бидејќи се знае кој “дрма ” и кој е главен вo друштвото. Се разбира, овенот! Жената од овој знак веднаш ќе ве опие и долго време ќе ја памтите колку беше”добра”. Мажот -Ракија е полн со себе и свестен колку е “жесток “, очекувајте фалби во стилот: Колку “степени” имам , толку сум подобар!
БИК
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте ВОТКА. Широки души се родени под знакот на Вотката! Можете физички да ја имате жената-Вотка, но духовно, никогаш. Мажот од овој знак е со големо срце, можете да му побарате што сакате, тој секогаш ќе биде тука за вас. Родените во знакот на Вотката се добри во сексот! Подеднакво се добри и во креветот, но и под него.
БЛИЗНАЦИ
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте ВИНО. Оние родени во првата половина се бело вино, а во втората црвено. Првите консумирајте ги студени, а вторите на собна температура. Како и да е, тие опиваат, а во виното како што велат старите Римјани е вистината. Зборлести се и кога еднаш ќе почнат, не запираат. Љубоморни се ако земете некој друг пијалак за аперитив, затоа внимавајте! Во сексот можат да ви предложат нешто што никогаш не сте го пробале, па можете да се разбудите со болки во главата и киселини во желудникот,но тоа е ризикот на “слаткиот” живот.
РАК
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте РУМ. Со двете нозе на земјата, раковите се конзервативни , но и емотивци кои веднаш ве фаќаат во својата мрежа. Мажот -Рум , сака да биде единствениот што може да ве ” опива ” и да ве расплакува и засмeјува, а длабоко во себе тој си ја сака најмногу мамичка. Жената-Рум, нежна и срамежлива , ќе ве “опие” на традиционален начин, така што следното утро ќе се разбудите со прстен на рака, а таа во кујната ќе ви прави појадок.
ЛАВ
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте ВИСКИ. Кралот на животните , се разбира, заслужува кралски пијалак! Достапни сте, но не за секого. Во вашите очи, светкаат парчиња мраз. Жената-Виски, по правило е со повеќе мраз, но ако го растопите, ве чека пријатно изненадување- квалитет и вкус каков никогаш не сте пробале!
И мажот-Виски не паѓа подолу, напротив веднаш ќе се намести одгоре . Овој знак добро влијае на срцевиот тонус и подобрувањето на мозочните функции.
ДЕВИЦА
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте БРЕНДИ. Добри партнери, но повеќе во бизнисот отколку во љубовта. Мажот-Бренди си ја гледа својата работа и не му е гајле која година на производство е. Таков е каков е. Ако ви изгледа “незаинтересиран” , најверојатно веќе сте паднале под негово дејство. Жената-Бренди повеќе гледа во кафе отколку во очи, но тоа само уште повеќе ќе ве заинтересира. Па, на крај, ќе почнете да се прашувате дали проблемот е кај вас или кај неа. Можете да им ја доверите вашата сметка во банка, но внимавајте со срцето!
ВАГА
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте ЛИКЕР ОД МЕНТА. На другите им доаѓа да “позеленеат” од мака кога ве гледаат колку сте успешни. Жената-Мента е најдобра во трговијата, Мажот- Мента во политиката. Во првиот случај, жената ќе се збогати, во вториот , мажот може се да изгуби. Вие ќе уживате во нивниот посебен “шмек”, мислејќи дека тоа им е од господ дадено, а само тие знаат колку работеле за да го добијат тој специфичен вкус и квалитет.
СКОРПИЈА
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте ЏИН. Само привидно сте студени, а внатре душата ви гори во огнена стихија. Вистинскиот џин не е за секого, неговото лого е – Треба да имаш дух за да ме сакаш! Мажот и жената Џин, можат да создадат стабилно и силно семејство, но никогаш не им давајте премногу слобода. Запомнете, ако духот излезе од шишето, нема да можете да го вратите назад. Најдобро ви е да си купите друго шише.
СТРЕЛЕЦ
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте КОЊАК. Луѓето со овој знак се достоинствени и сакаат почит. Не се обидувајте да ја заведете жената -Коњак , симнувајќи и ѕвезди од небото, таа самата ќе ве заведе, но само во хотел со многууу ѕвездички. Мажот-Коњак , пак, е толку желен за комплименти, што е подготвен да заборави на брачните, па и на вонбрачните обврски само ако го збрлавите со убави зборови .
ЈАРЕЦ
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте МАСТИКА. Вашето мото е -Никаква мистика, се е мастика! Однадвор студени, но ако сте во право друштво и мезе и малку разблажени, знаете да ја промените бојата. Жената-Мастика е родена за семејство, со неа можете да мезите маслинки и да уживате во мир и спокојство. Мажот -Мастика е стабилен, се додека не налета на жена од Зодијакот Мента, тогаш ја губи главата и знае да прави глупости.
РИБИ
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте ПИВО. Родените во првата половина се светло пиво, а во втората темно. Без оглед каква боја сте, на луѓето секогаш сте им потребни, од проста причина што не можат да се заситат од вас. Жената-Пиво е особено популарна кај припадниците на посилниот пол. Тие не ни сфаќаат дека се во близина на опојна супстанца се додека не стане предоцна. Што се однесува до мажот -пиво тој секогаш е до својата симпатиј. Притоа се преправа дека е само добар другар, чекајќи го вистинскиот момент да “нападне”.
ВОДОЛИЈА
Во “алкохолниот” Зодијак вие сте ВЕРМУТ. Благи, освежителни и состојка без која не може ниту еден коктел. На се давате специјален вкус. Ве сакаат во секое друштво, на работа и приватно! А богами, и интимно! Но, оние што ве “консумираат” треба да бидат внимателни, можеби изгледа дека сте лесни и “питки” , но од вас може и глава да заболи. И додека вашите жртви се лечат од мамурлак, вие веќе сте некаде далеку и опивате некој сосем друг!