Русинката заработи казна: УЕФА немилосрдни кон русокосата која го прекина финалето на ЛШ

Згодната Русинка Кинси Волански која го прекина финалето на Лигата на шампионите заради упаѓањето на терен доби казна од УЕФА.

Во касата на Европската куќа на фудбалот, Волански ќе мора да уплати 15.000 евра заради кршење на правилата на организаторите. Од таа сума, 5.000 евра ќе плати заради трчањето на терен што ги натера овластените лица да го прекинат дуелот помеѓу Ливерпул и Тотенхем на неколку минути. 

Поголемиот дел од казната, 10.000 евра ќе мора да ги плати заради натписот кој го носела на минималнто бикини на кое го рекламирала Јутјуб каналот на нејзиното момче Виталиј Здоровецки. Интересно е што по нејзиниот упад на терен, Волански добила нови следбеници на Инстаграм. Бројот на следбеници кои ја следат оваа згодна русокоса сега е поголем од еден милион.

Меѓутоа тоа претседателот на УЕФА не го интересирало и ја предупредиле дека доколку има повторен обид за прекршување на некои правила на било кој терен во иднина казната ќе биде поголема од оваа која сега ѝ е изречена.

Translate »