Видео: Смртоносниот тајфун запре венчавка, гостите врескаа во паника
Смртоносниот тајфун кој овие денови ги погоди Филипините „посети“ и една венчавка во местото Марикини.
Ренди (29) и Џенифер (28) тргнаа кон подиумот за да танцуваат кога слушнаа тресок. Набрзо во големата сала снема струја и сите останаа во темнина. На снимката може да се слушне како гостите врескаа во паника, а силен ветер тропаше по прозорците. Нема сомнение дека овој ден ќе им остане во сеќавање.
Да потсетиме, тајфунот Мангкхут до сега на Филипините уби 74 лица, а многу домови се поплавени или целосно урнати.