20 годишник трчаше на авионска писта, како да брка такси
Дваесетгодишник приредил несекојдневна сцена на аеродромот во Даблин. Случката која е можеби интересна за слушање, сепак значеше и интервенција на полицијата и притвор за главниот „актер“.
Имено тој, откако сфатил дека доцни на летот, го поминал терминалот, излегол на пистата и почнал да трча кон авионот кој се подготвувал за полетување.
Како што пренесуваат ирските медиуми, станува збор за 20-годишен ирски државјанин кој задоцнил на летот на „Рајанер“ за Амстердам.
Со оглед на тоа што авионот продолжил со подготовките за полетување, Ирецот истрчал низ терминалот, ја отворил вратата и излетал на пистата извикувајќи „Чекајте“.
Тој бил „решен“ да го стигне авионот, иако веројатно и немал план како би се качил дури и кога би го стигнал, а според изјавата на еден од сведоците, во рацете го носел и својот куфер. Тој пред да стигне до авионот веќе пристигнале два полициски автомобили и едно комби.
Полицајците веднаш го фатиле и тој веќе се наоѓа во притвор од каде што ќе се соочи со кривична пријава.