На тенисерите ќе им судат компјутери
Светската тениска асоцијација на турнирот во Милано од 7 до 11 ноември на кој ќе учествуваат најдобрите млади тенисери, наместо линиски судии ќе ја користи технологијата „соколово око“.
На мечевите ќе биде присутен само главен судија (на стол), а помошта ќе ја добива од компјутерски систем специјализиран да сигнализира дали топчето е во аут. Во случај на спорни моменти, ситуацијата ќе биде прикажана на „видео бим“
– Ова би можело да биде историски момент за судење во нашиот спорт. Нашите тенисери работат напорно и заслужуваат најдобро судење. Технологијата сега е во пробна работа, а ние ќе видиме како тоа функционира на турнир. Ние ќе ги следиме резултатите и ќе се обидеме да ги подобриме евентуалните недостатоци, изјави Гејл Дејвид Бредшо, потпретседател на АТП задолжен за натпреварите.
Со вклучување на новиот систем, тенисерите нема да имаат потреба да бараат „челенџ“ за да проверат спорни ситуации.
На турнирот во Милано, Италија, досега само Александар Зверев го обезбеди учеството.