Тетовка пријавила дека ја уценувал полицаец со кого порано била во врска

Жена од тетовско, во Полициската станица Тетово, вчера попладне пријавила дека била уценувана и физички нападната од лицето Ф.А. – полициски службеник во Полициското одделение Камењане, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него.

Како што соопшти МВР, според пријавата, жената ја прекинала врската со Ф.А. пред една година и оттогаш одбивала да се сретне со него. Пред една недела, додека жената била во угостителски објект, дошол Ф.А. и и се заканил дека ќе ги објави нивните заеднички фотографии и видеа и дека ќе каже на нејзиниот татко и нејзиниот сопруг дека му била љубовница.

Вчера околу 12.50 часот, додека жената била на  работа, дошол Ф.А. и физички ја нападнал.

За случајот веднаш е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Translate »