Обезбедено е потребното 2/3 мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани

Расправата во Собранието за  предлогот за пристапување кон уставните измени е одложена за 15 часот. Во моментов, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ е на координација. Неофицијално, обезбедено е потребното 2/3 мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани. Со ова, се отвора патот за спроведување на Договорот од Преспа за промена на името, со цел Македонија да продолжи кон евро-атлантската интеграција. Во Собранието веќе се присутни најголем дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, освен пратениците Васил Пишев, Никола Поповски, Никола Груевски.

Во Собранието е и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој беше обвинет за настаните од 27-ми април, а во вторникот беше пуштен од куќен притвор, со гаранција од 400 илјади евра по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за „крвавиот четврток“. Тој во изјава за Макфакс вели дека не знае дали ќе гласа за уставните измени.

 

Translate »