Земјотрес во Македонија
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека денеска во 11.45 часот е регистриран земјотрес со Рихтерова магнитуда 3.4, кој потекнува од дебарското епицентрално подрачје. Неговиот епицентар се наоѓа на 70 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван од населението во Дебар, Гостивар и околината со интензитет III- IV степени според Европската макросеизмичка Скала.