Во Словенија наврна снег
Иако календарски летото се уште не е завршено, делови од Балканот веќе се зафатени со невреме кое на некои места донесе и снег.
Во Хрватска и натаму на сила е црвен метеоаларм поради обилните дождови. Како што објави „Јутрањи лист“, во Горски Котар заврнал и снег.
Метеоролошките предвидувања за снег се остварија и во Словенија,на планината Триглав.
Температурите во Словенија нема да го минат просекот од 12 степени, освен на некои места во приморјето.
Според податоците на локалните медиуми, од понеделникот во Словенија паднале 20 до 40 литри дожд по квадратен метар.