Конзумирањето на црвено вино и црна чоколада го забавува процесот на Алцхајмеровата болест.

 

Научниците заклучија дека конзумирањето на црвено вино и црна чоколада го забавува процесот на Алцхајмеровата болест. Според експертите од медицинскиот центар при универзитетот во Џорџтаун причината за ова одложување е ресвератролот, кој се наоѓа во некоја храна, како грозјето, виното, малините и црното чоколадо.

При истражувањето, научниците откриле дека ова природно соединение го забавува психичкото растројство кај заболените од Алцхајмер. Екипата смета дека ресвератролот ја намалува способноста на штетните имуни молекули да го пробијат мозочното ткиво, кое веќе е повредено од воспалението предизвикано од болеста.

Научниците веруваат дека оштетувањето се предизвикува од насобраните абнормални протеини кои ги оштетуваат и уништуваат невроните. Од истражувањето станува јасно уште дека молекулите може да предизвикаат воспаление во крвта, кое достигнува до крвно-мозочната бариера.

Ресвератролот сепак ја блокира оваа бариера и го намалува нивото на протеините кое треба да го пробијат. Така се запираат и штетните воспалени молекули да пробијат мозочното ткиво. Во истражувањето биле користени специфични молекули од цереброспиналната течност земена од учесниците заболени од Алцхајмерова болест.

Учесниците биле поделени во две групи. Една група, 19 лица користеле плацебо, а другите 19 лица цела година биле третирани со ресвератрол во количина еднаква на 1.000 шишиња црвено вино. Резултатите покажуваат дека пациентите кои користеле ресвератрол имале 50 проценти помалку протеини способни да ја пробијат крвно-мозочната бариера.

А во Македонија имаме квалитетно црвено вино!

4975842

Translate »