ИКЕА отпушта 7.500 работници

Шведската компанија ИКЕА објави дека укинува 7.500 работни места ширум светот во рамките на стратегијата за отворање повеќе продавници во центри на градови и пренасочување кон интернет-продажба. Така ИКЕА ќе може да се фокусира на својата платформа за електронска трговија за подобро да одговори на потребите на своите купувачи и така да стане попривлечна и поевтина за многу повеќе луѓе.

Компанијата воведува нова стратегија за отворање продавници во градски центри, кои ќе бидат додаток на поголемите стоковни куќи во преградијата. ИКЕА ќе отвори продавници во центрите на 30 најголеми светски метрополи за да ја диверзифицира својата понуда.

„Сфативме дека малопродажната сцена се трансформира со размери и брзина како никогаш досега и ИКЕА треба да инвестира во развој на бизнисот за да одговори на потребите на потрошувачите на подобри и нови начини“ изјавија од ИКЕА.

 

Македонци кои изработуваат дрвени монтажни куќи по германски стандарди

Translate »