Судење за Титаник 2
Закажано е рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Минатиот пат рочиштето се одложи затоа што обвинетиот Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана, а поради тоа во Кривичниот суд од Шутка не беше спроведен ни Сашо Мијалков.
Поранешниот шеф на тајната полиција влезе во притвор за предметот „Таргет Тврдина“, остана во Шутка за истрагата на СЈО „Империја“, а нови 30 дена притвор Мијалков доби за предметот „Империја“, а по барање на СЈО, кривичен му го укина притворот за случајот со масовното прислушување.
Во предметот „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешни членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.