Изгласани амандманите 33 и 34
Работниот викенд на пратениците во Собранието резултираше со изгласување на два нацрт-амандмани за уставните измени во втората фаза. Откако претпладнево со 67 гласови „за“ Собранието го утврди првиот нацрт-амандман со кој се предвидува промена на името на земјава во “Република Северна Македонија”, доцна попладнево пратениците по неколку часовна расправа “ го изгласаа и вториот нацрт-амандман со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 „воздржани. Тој се однесува на промени во Преамбулата на Уставот каде одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од заседанието и се додава и Охридскиот рамковен договор.
Како што претходно најавија, исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано. Седницата продолжува утре.