Каракачанов:Г-не Заев не ја злоупотребувајте темата со македонскиот јазик,тоа може да ве чини членство во НАТО и ЕУ,

Г-не Заев не ја злоупотребувајте темата со македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во НАТО и ЕУ, му се закани вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов на премиерот Заев. Каракачанов вели дека дека македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик.

„Компромиси со историјата на Бугарија нема да дозволам“. Ова го изјави вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана во Бугарија Красимир Каракачанов во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев пред Парламентот на Македонија, во која тој дава сугестија дека договорот со Грција, познат како Преспански договор ја дава идентификација за постоење на македонски јазик и никој нема право да му противречи на тоа.

„Како лидер на ВМРО и вицепремиер за националната безбедност, категорично се спротивставувам на тоа тврдење. Северна Македонија е географска ознака, што вклучува и сегашна територија од Република Бугарија. Г-дин Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација“, вели Каракачанов, пренесуваат бугарските медиуми.

„Паралелно со оваа манипулација категорично сакам да истакнам дека и работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања оди во насока која дефинитивно не е во корист на историската вистина. Целосно правилно и во интерес на Бугарија и вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева истакна дека не гледа напредок во нејзината работа. Тезите на луѓе како Литвански и Каров наметнати од страна на Македонија, се во спротивност на реалноста. Уште угнетувачки е фактот дека една и пол година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија на нас ни е доставен „список на учебници од македонска страна во кои според тврдењата има националистички, реваншистички, авторитарни тврдења кои ја претставуваат Македонија како новоослободена бугарска земја и се против интересите на македонското општество”, пишува уште во ставот Каракачанов.

„Јас категорично нема да допуштат слично агресивно и дрско однесување од страна на претставниците на Македонија и се повеќе се убедувам дека во овој вид, особено и со наметнатите од спротивната страна груби манипулации, споменатата Комисија нема да ги заштити бугарските интереси.

Затоа сакам повторно да нагласам дека македонските земји се бугарски и тоа е историски факт. Од ослободувањето до 1944 година за нив се водат незапирливите битки на сите фронтови – дипломатски и воени, токму поради тоа што се докажани бугарски територии. Конспирациите на Коминтерната ги разделија од нашето земјиштето, оставајќи еден народ на територијата на две држави. Внимателно читање на балканската историја укажува на тоа. Токму тоа ме тера и мене, како историчар и претседател на ВМРО – БНД, да мислам дека оваа работа на Комисијата и претензиите на нејзините членови од македонска страна сакаат да се валидизира лажна историска верзија. Ова е неприфатливо“, пишува уште Каракачанов .

Георгиевски: Која било географска додавка, на полното име Македонија ја загрозува Бугарија

Translate »