Георгиевски: Која било географска додавка, на полното име Македонија ја загрозува Бугарија
Зачестените изјави од бугарски политичари и аналитичари дека Бугарија нема да прифати име со географска одредница која ги загрозува нивните интереси е непринципиелен притисок затоа што се изнесува по 25 години откако е почнат спорот и влегува во завршница, смета поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.
„Конечно, која било географска додавка помалку ја загрозува Бугарија од полното име Македонија што тие први во светот го признаа. (нека ги прочитаат аргументите на Грците, важат и за нив). Како тоа 25 години молчат на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија?“, напиша Георгиевски на неговиот фејсбук профил.